Македонија

Мицкоски оствари средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави Никол Варнс

Мицкоски оствари средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави Никол Варнс

Денес остварив средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Разговаравме за предизвиците на НАТО алијансата, нашата соработка и искористување на потенцијалите.

Мирот и стабилноста се важен сегмент за економскиот развој на државата.

Македонија активно придонесува во мисиите на НАТО Алијансата и е рамо до рамо со најголемите армии и сили кои го гарантираат мировниот процес“, напиша Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни