Во рамки на самитот на НАТО во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со премиер на Албанија, Еди Рама.
„Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“ за средбата со Рама.
Инаку Христијан Мицкоски на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на Влади и шефови на држави на НАТО, оствари кус разговор со бугарскиот премиер Димитар Главчев.
„Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции.“, напиша Мицкоски на фејсбук профилот за средбата со Главчев.