Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Македонија е значително поподготвена за справување со пожари во споредба со претходните години.
Како што посочи тој, дел од опремата која досега била застарена и складирана во магацините на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи е целосно модернизирана и оспособена за теренски интервенции.
– За разлика од минатите години, сега сме многу поподготвени. Дел од застарената опрема доби нов живот – вграден е посебен резервоар за вода, инсталирани се пумпи и таа може да функционира и на непристапен терен. Целта е кога огнот „спие“ да може веднаш да му се пристапи и да се реагира. Од нешто што беше отпишано, направивме функционални возила – истакна премиерот.
Мицкоски најави дека наскоро ќе биде организирана показна вежба, а очекува дека околу 50 до 60 вакви возила со различна носивост на вода ќе бидат ставени во функција за да се одговорат на сезоната со пожари.
– Очекувам дека ќе бидеме подготвени за предизвиците кои не очекуваат ова лето – додаде премиерот.