Македонија

Мицкоски по повод 80 години од прогонот на Евреите : Никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато

Мицкоски по повод 80 години од прогонот на Евреите : Никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска, кога се навршуваат 80 години од ликвидирањето на македонските Евреи во Треблинка, упати порака никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато.

-Во далечната 1943 година цели еврејски маала со своја традиција и култура во Скопје, Битола и Штип остануваат празни. Дури 98 проценти од еврејската популација, односно 7144 македонски Евреи од кои 1500 биле деца под 15 години се задушени во гасните комори на Треблинка. Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот и најтажниот ден за македонската историја и Македонија, се наведува во фејсбук статусот на Мицкоски.

Изразува жалење за она на кое што била изложена Еврејската заедница во минатото.

– Македонија и македонските граѓани никогаш нема да ја заборават тагата и страдањата на овие семејства. Никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато, порачува Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни