Македонија

Мицкоски посакува ГЕРБ и Борисов да победат на изборите

Мицкоски посакува ГЕРБ и Борисов да победат на изборите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по новинарско прашање околу утрешните избори во Бугарија, истакна дека не би можел да издвои кој би бил подобар соговорник, но дека логично е оти сака да победи партијата ГЕРБ на Борко Борисов со која се дел од Европската народна партија.

„Бугарските граѓани претпоставувам дека најдобро знаат кого да го изберат и да ги претставува и во бугарскиот Парламент и во идната бугарска Влада. Им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобарата влада којашто мислат дека ќе работи во интерес на бугарските граѓани и која ќе промовира стабилност во регионот и добросоесдски односи. Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да кажам дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во европската народна партија и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите“, рече Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни