Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека со ова продолжуваат провокациите и неевропското однесување од бугарска страна. Ова не враќа во времињата на бугарската фашистичка окупација на време на Втората светска војна и на жртвите на македонскиот слободарски народ, рече Мицкоски.
„Не враќаат во едни минати времиња, во времињата на бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна овде во Македонија. Јас после оваа провокација и после овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или кој е тој историчар кој што ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија тогаш се прилично успешни“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.