Македонија

Мицкоски: Предупредувавме дека фабриката за електрични возила е шарена лага, ако е исплатена државна помош ќе одговараат за злоупотреба на народните пари

Мицкоски: Предупредувавме дека фабриката за електрични возила е шарена лага, ако е исплатена државна помош ќе одговараат за злоупотреба на народните пари

Навистина не знам како не е до власта која во август 2022 година ветуваше дека за неколку недели ќе почне производството, а за неколку месеци потоа лаже дека ги групирале парцелите па тоа било пречка за да отпочне, за да повеќе од година дена сведочиме на банкрот на компанијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање за пропаднатата фабрика за електрични возила во Тетово.

Треба да видиме дали е исплатена државна помош, ги охрабрувам медиумите да ја прашаат владата, а доколку не одговори, за неколку месеци од денеска идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде одговор на ова прашање, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако е исплатена државна помош, тоа што тој го направил сторил огромно кривично дело и злоупотреба на народни пари и ќе одговара за сето тоа.

Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата група. Сега истите ги нема да излезат во јавност и да кажат зошто компанијата која така помпезно ја најавуваа банкротираше и дали е исплатена државна помош, а ако е исплатена колкава е таа државна помош за да знаеме колку долго некој ќе одговара затоа што ги злоупотребува народните пари, потенцираше Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни