Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Република Унгарија г.Виктор Обран.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.
Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.
Во тој контекст Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.
-И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, подвлече Мицкоски.
-Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро а сиромаштијата и иселувањето стануваат актуни проблеми, изјави Мицкоски.