Македонија

Мицкоски: Скопје личи на сѐ, само не на главен град на земја членка на НАТО и земја кандидат на ЕУ

Мицкоски: Скопје личи на сѐ, само не на главен град на земја членка на НАТО и земја кандидат на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски упати критики кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска околу хигиената, и најави дека на следната седница Владата ќе расправа за хигиената во главниот град.

„Алармантна е ситуацијата, секој ден имаме повици од граѓани. Дали можеби како влада да направиме некои дополнителни чекори за да одземеме ингеренции на Градот, особено во делот на хигиената. Секојдневно има реакции, и јас ќе го покренам ова прашање на следната владина седница. Ова што се случува во Скопје личи на се, само не на главен град на членка на НАТО, и земја кандидат за членство во ЕУ“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека Владата ги плаќа и автобусите на гас кои беа набавени во време на Петре Шилегов, затоа што Градот Скопје нема пари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни