Македонија

Мицкоски со честитка до Трамп: Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ

Мицкоски со честитка до Трамп: Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД. Кажа дека со нетрпение се очекува натамошно продлабочување на цврстото партнерство и соработката меѓу двете земји.

„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.

Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!“, напиша Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни