Македонија

Мицкоски: Стартот на преговорите не зависи од нас

Мицкоски: Стартот на преговорите не зависи од нас

„Изминатите години имаше многу неправди кон Македонија, дојде времето кога треба сето тоа да се испочитува“ – изјави хрватскиот премиер Пленковиќ по средбата со македонскиот, Мицкоски во Загреб.

Ќе се залага за подинамичен процес на пристапување на земјава кон Европската унија. Според Мицкоски, ние направивме доволно и сега некој треба да ни ја подотвори вратата.

„Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“, рече премиерот Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни