Македонија

Мицкоски утре почнува преговори со челниците на ВРЕДИ, еве кои министерства може да припаднат на албанската коалиција

Мицкоски утре почнува преговори со челниците на ВРЕДИ, еве кои министерства може да припаднат на албанската коалиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе се сретне со коалицијата ВРЕДИ, јавува ТВ21. Се очекува Мицкоски да ги почне разговорите за „поделба на колачот“ и за формирање на нова Влада, пишува ТВ21.

Според партиски извори до кои дојде ТВ21, Мицкоски нуди 4 министерства, и наводно барал ВМРО-ДПМНЕ да ги води министерствата за финансии, за внатрешни работи и за транспорт и врски. Наводно ВРЕДИ барал 5-6 министерства и претседател на Собранието.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Таравари го бара министерството за здравство, на Изет Меџити од Демократско движење би можело да му припадне министерството за политички систем, а наводно и директорско место во царинската управа. Алтернатива на Африм Гаши е заинтересирана за министерството за економија и министерството за образование, додека Биљал Касами од БЕСА ќе го сака министерството за култура.

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара да биде нивно местото претседател на Собранието, потпирајќи се на аргументот дека имаат 58 пратеници, наспроти ВРЕДИ кој има 13.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни