Македонија

Мицкоски: Власта е одлепена, а дијагнозата ван памет – премиерот се спореди со Педро Санчез

Мицкоски: Власта е одлепена, а дијагнозата ван памет – премиерот се спореди со Педро Санчез

Двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија синоќа имаа свои обраќање. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Штип порача дека власта е одлепена, а иако тој е инженер ќе ја увтдел дијагнозата дека била ван памет.

Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат не. Гледајте го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери од други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од прмиерот кој го плаќаме со наши пари. Се врати блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница, погледнете како тоне нивната последна сламка за спас“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на изјавата на францускиот претседател Еманул Макрон.

„Тој ја кажа вистината. ЕУ им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал сакач да каже вака, другиот сакал поинаку. Се тоа што го кажуваат не е точно. Без внатрешни реформи кои вие седум години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле нема ниту да иа афричка унија, а не европска. Народот бара ресет“, додаде Мицкоски.

На Македонија и се случува распад на системот. На Македонија и се случува целосно киднапирање на институциите од страна на мафијашка група која се претставува како Валда. Ова вечерва го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Штип каде се одбележува 33 години од општинскиот комитет.

„Се случува масовен егзодус на на народот, се случува систематско осиромашување на граѓаните, колапс во секој сегмент и Владата не поместува ништо со мал прст за тоа да се спречи. Нема лекови, нема учебници, нема правда, нема владеење на право, нема инфраструктурни проекти, нема странски инвестиции“, рече Мицкоски.

Мицкоски повторно побара предвремени парламентарни избори.

„Нема европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси. Зарем Европа е кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претгодно истата таа компанија била донатор на ДУИ“, изјави Мицкоски.

Вчеравечер за 80 илјади евра од Скопје започнува караванот на Владата „Ние сме Европа“ на која прв се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Тој се спореди со шпанскиот хомолог и најави нова Влада идната година.

„Пред изборите во Шпанија, противниците на премиерот Педро Санчез кој е социјал-демократ исто како мене се фалеа со двоцифрено водство, за сега после изборите Педро Санчез повторно составува Влада, така ќе биде и кај нас до година“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски рече дека после долго време конечно во Блед било потенцирано дека има конкретна одредница за проширување на ЕУ до 2030 година.

„Тоа е истата година за која ние велиме дека Северна Македонија ќе биде подготвена. Сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети страни кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ. Да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност од поранешна Југославија кои исто така не сакаат да ја видат државата во ЕУ“, додаде Ковачевски.

Премиерот рече дека во Македонија во моментов стапката на невработеност е најниска, а како доказ за тоа ги посочи билбордите за работа.

„Доколку се движите по автопат, ќе ги видите билбордите на кои се бараат работници. Ако пршате во стопанските комори, ќе ви кажат дека компании бараат дозвола за увоз на работна сила, бидејќи кај нас платите се зголемени, а невработеноста е на најниско ниво“, дециден беше Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни