На Македонија и се случува распад на системот. На Македонија и се случува целосно киднапирање на институциите од страна на мафијашка група која се претставува како Валда. Ова вечерва го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Штип каде се одбележува 33 години од општинскиот комитет.
„Се случува масовен егзодус на на народот, се случува систематско осиромашување на граѓаните, колапс во секој сегмент и Владата не поместува ништо со мал прст за тоа да се спречи. Нема лекови, нема учебници, нема правда, нема владеење на право, нема инфраструктурни проекти, нема странски инвестиции“, рече Мицкоски.
Мицкоски вечерва повторно побара предвремени парламентарни избори.
„Нема европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси. Зарем Европа е кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претгодно истата таа компанија била донатор на ДУИ“, изјави Мицкоски.