Владата информира дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе учествува на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.
Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и преставници од Европскиот совет и Европската комисија.
Премиерот Мицкоски ќе има свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.