Македонија

Мицкоски: Времето на „ќе средиме“ и „ќе се јавам” заврши, законот важи за сите!

Мицкоски: Времето на „ќе средиме“ и „ќе се јавам” заврши, законот важи за сите!

Премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај изјави дека „во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен. Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците, туку со тоа дали правдата стигнува до сите – и до најмоќните, и до најмаргинализираните“.

Мицкоски порача дека граѓаните не смеат да заборават како изгледало секојдневието пред неколку години.

-Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме” и „ќе се јавам” беа погласни од законот. Но тоа време е завршено – рече Мицкоски.

Тој на одбележувањето му додели благодарница на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за за зачувувањето на редот и мирот и за зачувување на безбедноста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни