Премиерот Христијан Мицкоски денеска го истакна својот став во однос на обвинувањата и нападот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Тој кратко истакна дека државата има институции, но и дека многу работи се кажани за неа.
„Државата има институции, јас ги повикувам институциите да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажани, и не би имал што да додадам“, порача Мицкоски.