Македонија

Мицкоски за опозицијата: Нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина!

Мицкоски за опозицијата: Нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина!

Во однос на локалните избори, денеска премиерот Христијан Мицкоски истакна дека не би бил изненаден доколку опозицијата не освои ниту една општина на локалните избори.

Тој најави дека кандидатите ќе бидат објавени во два циклуса, на крајот од месецов.

„Тоа што можам да го соопштам е дека нашите кандидати речиси во сите општини водат најмалку 3 до 4 пати, во споредба со кандидатите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а прашање е дали опозицијата ќе освои 2,3 или 4 општини. Нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина“, кажа Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни