Премиерот Христијан Мицкоски ги кометираше двата инциденти за кратко време, односно пукањето и ранувањето на едно лице во Ченто синоќа, и денешното кога беше убиено едно лице во близина на ТЦ Мавровка.
„Од оние информации кои ги имам е дека едно лице е фатено, по другото се трага. За сите детали ве поканувам да разговарате со министерството за внатрешни работи. Криминални структури имало и ќе има, во овој период на транзиција поединци земаат замав, некои се охрабрени од некои центри на моќ, но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. И да знаете дека жестоко ќе се спротивставиме како држава. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, ваков тип на криминални битанги ќе завршат каде што им е местото, јас ви гарантирам“, рече Мицкоски.

