Македонија

Мизрахи: Разрешени се 9 економски директори од вкупно 14 во клиничките болници

Мизрахи: Разрешени се 9 економски директори од вкупно 14  во клиничките болници

Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Таа додаде дека „денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, започна да се реализира, и таа гласи: Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста“.

Имено, согласно оваа предвидена мерка и реформа, до сега се разрешени 9 од вкупно 14 економски директори во клиничките болници. Овие 9 досегашни ВД директори не се повеќе на таа функција, а за останатите 5 директори очекуваме од Владата да пристигнат во Собранието, Предлог измените на Законот за здравствена заштита со кои што ќе се исполнат законските услови за нивно разрешување и укинување, вели Мизрахи.

Таа вели дека „со оваа мерка ќе добиеме оптимизација на здравствениот систем, зајакнување на јавното здравство, подобрување на функционалната организација на истото, елиминирајќи ги врзаните потписи и сивата зона на одговорност во рамки на здравствените установи. Истовремено ќе се намалат непотребните трошоци, а ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни