Македонија

Млад мигрант загинал откако го удрило струен удар на покрив на воз во Градско

Млад мигрант загинал откако го удрило струен удар на покрив на воз во Градско

Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.

Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош. Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото.

Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни