Младиот волонтер Иван Кукуновски, кој вчера се задуши од чад за време на гаснењето на големиот пожар во општина Чучер-Сандево, е во стабилна здравствена состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Информацијата ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски, кој изрази благодарност до сите што се грижат за неговиот син, пишува 24ифно.
Иван учествувал во напорите за гаснење на пожарот кој беснее веќе неколку дена во ридско-планинскиот предел и се закануваше да ги зафати населените места. По повеќе од 24 часа борба со огнот, младиот волонтер се почувствувал лошо и итно бил пренесен во болница.
Неговата пожртвуваност и ангажман се уште еден доказ за храброста на сите кои несебично се вклучија во акцијата за спасување на животи, имоти и природа.