Младинското движење на политичката партија Левица по денешниот инцидент во Собрание, го повикува членството но и граѓаните веднаш да се упатат пред зградата на Собранието.
Во објавата на друштвената мрежа Фејсбук тие пишуваат:
„Сите пред Собрание. ДУИ, СДС ДПМНЕ спремаат најголем шверцерат. Одиме до крај“, се вели во нивната објава.
Како што веќе објавивме искршени компјутери и инвентар и расфрлана хартија низ собраниската сала. Ова е епилогот од денешниот инцидент во македонското Собрание.
Пратениците од политичката партија Левица, првично започнаа вербално, а потоа и физички го нападнаа потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.
Пратениците Борислав Крмов и Димитар Апасиев не беа задоволни од тоа што претходно 87 пратеници од вкупно 120, гласаа за да не се прифатат барањата на Левица за повлекување на измените на Деловникот кој е највисок акт за работа во македонското Собрание.