„Многу ми значи, не ја заборавам“: Силјановска-Давкова јавно му се заблагодари на Максим Димитриевски за поддршката во вториот круг

Откако Максим Димитриевски од ЗНАМ истакна дека ќе ја даде поддршката за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг претседателски избори, кандидатката за претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на актуелниот градоначалник на Куманово.

„Му благодарам на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи, не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен, поттикнувачки и одговорен политички чекор“, изјави Силјановска-Давкова.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното