Македонија

МНР го потврди случајот за починатиот Македонец во Љубљана

МНР го потврди случајот за починатиот Македонец во Љубљана

Од МНР информираат дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Според информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот е во надлежност на Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во постојан контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни