Македонија

МНР реагира на навредливите изјави на бугарскиот министер за надворешни работи Георгиев

МНР реагира на навредливите изјави на бугарскиот министер за надворешни работи Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на државата, дадени од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, за време на неговото денешно гостување на бугарската телевизија БТВ.

Во таа насока, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Жељаско Радуков, кому му беше пренесен официјален протест и укажано на несоодветноста на јавниот дискурс што го користел високиот бугарски функционер.

„Изјавите кои содржат недоличен речник и омаловажување на претставници на суверена држава се спротивни на основните начела на меѓународното право и дипломатска комуникација. Таквиот однос не придонесува за градење на добрососедски односи, ниту пак за одржување на конструктивен дијалог и заемно почитување“, наведуваат од МНР.

Министерството очекува официјална Софија да упати соодветно извинување, во интерес на зачувување на достоинствена и принципиелна билатерална комуникација меѓу двете земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни