Македонија

МНР во боите на украинското знаме, знак на солидарност и поддршка

МНР во боите на украинското знаме, знак на солидарност и поддршка

Министерството за надворешни работи вечерва е во боите на украинското знаме во знак на солидарност и поддршка за Украина.

„И по една година од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода и зачувување на споделените демократски вредности. Северна Македонија уште од првиот ден со најостра осуда за руската агресија и повик за итно прекинување на воените дејствија и враќање на мирот. Како земја претседавач со ОБСЕ Украина е наш главен приоритет посветени сме во напорите да ставиме крај на оваа неоправдана војна. Страдањето на луѓето мора да запре!“, напиша Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни