Девојче и момче се првите родени бебиња во Новата година во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
Градоначалникот Митко Јанчев ги посети нивните мајки Мери Ѓоргиева и Аница Баснаркова и им врачи цвеќе и пригодни подароци, кои градот Кавадарци традиционално ги доделува на првородените деца во Новата година.
„Оваа традиција има за цел да ја истакне важноста на семејството и да го симболизира среќниот почеток на годината. Новата година нека донесе здравје, среќа и љубов на бебињата, нивните мајки и семејства“, напиша Јанчев.