Македонија

Монструозен чин во Скопје: Фрлено куче од железничката станица, Нори не преживеа

Монструозен чин во Скопје: Фрлено куче од железничката станица, Нори не преживеа

Јавното претпријатие „Лајка – Скопје“ утринава соопшти за вознемирувачка случка која го потресе градот. Непознат сторител фрлил куче од железничката станица во Скопје, по што животното било итно пренесено во амбуланта.

И покрај максималните напори на ветеринарите, кучето по име Нори – познато на скопјани како питомо и мирно – починало поради силно внатрешно крварење.

„Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан. Настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции, до кои апелираме да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело,“ порачаа од ЈП Лајка.

Од претпријатието упатија и апел до граѓаните – секое насилство врз животни веднаш да се пријавува, за заеднички да се стави крај на ваквите појави и да се изгради општество во кое животите на животните ќе бидат почитувани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни