Македонија

Монтирно и лажно видео за Александар Николоски од интервју за ТВ21 спонзорирано од порталот Фронтлајн

Монтирно и лажно видео за Александар Николоски од интервју за ТВ21 спонзорирано од порталот Фронтлајн

И дното е пробиено, напиша на својот фејсбук-профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакнувајќи дека порталот Фронтлајн, сопственост на Џабир Дерала, спонзорира на Фејсбук целосно лажна вест за него.

Прават видео со исечени реченици од мое интервју, го монтираат и пуштаат спонзорирано на Фејсбук. Еве се живи фатени. Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој ‘борец против лажни вести’ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.

Реагираше и уредникот и водител на емисијата, кој напиша:

„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, вели Јовица Пауноски.

Богдан Илиевски денеска објави видео, како што наведува, спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски.

„Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија“, објави Илиевски на Фејсбук.

Илиевски додава дека на крајот од видеото може да се види бројот на редакцијата на Фронтлајн чиј главен и одговорен уредник е Дерала кој преку невладината организација „Цивил“ е еден од поборниците против лажните вести. Групата портали околу „Цивил“ главно се финансира од меѓународни донации.

Со реакција се јавија и од порталот од каде велат дека е злоупотребен нивниот број.

„Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски  број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна.  Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда“, велат од Фронтлајн.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни