Морничава снимка од напад на полициски конвој во Франција: Најмалку две лица загинаа

Двајца затворски чувари загинаа, а уште три лица се тешко ранети во напад на полициски конвој кој денеска превезувал затвореник на северот на Франција.

Во конвојот бил затвореник познат по прекарот Мува. Најмалку четворица вооружени мажи го пресретнале конвојот на автопатот, во близина на наплатната рампа во Ер, и ги убиле чуварите, а Мува потоа побегнал со нив во непознат правец.

Според првите информации, Мува е прекарот на Мохамед А.(30), кој од претходно и бил познат на полицијата за обид за убиство.

Се верува дека тој е еден од водечките луѓе во нарко кланот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното