Мрзлива пита со малини: Совршен спој на крцкава коричка и кремаст фил!

Ќе го обожавате овој сочен овошен десерт

Состојки:
За кората:

100 г брашно
30 г зобни снегулки
50 г шеќер
рендана кора од лимон
80 г путер
За овошниот фил:

500 г малини
3 лажици шеќер
2 лажици мед
1 кесичка пудинг од малини
1 ванилин шеќер
сок од 1 лимон
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во сад ставете брашно, снегулки, рендана кора од лимон и шеќер, измешајте, па додајте исечкан путер. Замесете за да добиете ронлива смеса.

Во поголем сад ставете иситнети малини, па по ред додавајте шеќер, мед, прашок за пудинг од малини, ванилин шеќер и сок од лимон.

Смесата за кората префрлете ја во плех (со пречник од 22 см) и со раце распоредете ја рамномерно, па одозгора ставете фил од малини. Врз филот издробете ја преостаната смеса за кората.

По желба, декорирајте со свежи малини.

Уживајте во совршениот летен десерт!