Македонија

Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми: Сведочеше синот на сестрата на Александар

Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми: Сведочеше синот на сестрата на Александар

Денеска на рочиштето за убиството на малата Вања и Панче од Велес, сведок беше и Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање. Иво изјави дека му пишал на Илон Маск само за да го смири вујко му, иако знаел дека најбогатиот човек нема да врати на пораката.

Тој кажа дека во неколку наврати му позајмувал пари на вујко му, а последен пат му позајмил 30 илјади денари.

Иво изјави дека Александар немал долгови и дека сите пари што му ги позајмувал, Александар му ги враќал.

Тој помагал во потрагата на Вања, а со вујко му прв пат се слушнал неколку дена по исчезнувањето, кога тој му рекол да му пише на Маск дури и да му прати слика.

Го направил тоа бидејќи вујко му бил во агонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни