Македонија

Mу понудиле да купи дијаманти, ги земале парите и си заминале – лице од Косово измамено во Карпош

Mу понудиле да купи дијаманти, ги земале парите и си заминале – лице од Косово измамено во Карпош

На 02.05.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.К. од Косово пријавил дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни