Македонија

Му се слошило и паднал: Во Стара скопска чаршија почина лице од с. Чегране

Му се слошило и паднал: Во Стара скопска чаршија почина лице од с. Чегране

На 19.12.2023 во 01.25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Стара скопска чаршија констатирале смрт без видливи траги на насилство кај машко лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.Т.(58) од с.Чегране, гостиварско. Според пријавеното, додека се движел со негова познаничка му се слошило, по што паднал и починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни