Македонија

Муртезани: Македонија рангирана како прва земја во регионот со можност да добие средства од Планот за раст на ЕУ

Муртезани: Македонија рангирана како прва земја во регионот со можност да добие средства од Планот за раст на ЕУ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја соопшти историската вест дека Северна Македонија е првата земја во регионот која ќе ги добие средствата од Планот за раст на ЕУ.

„Ова е огромен успех за нашата земја и потврда на нашите заложби за евроинтеграции. Како ВЛЕН, постигнавме значајни резултати, меѓу кои и потпишувањето на Договорот за Инструментот за реформи и раст. Собранието наскоро ќе го ратификува договорот, што ќе овозможи ослободување на 52,5 милиони евра од вкупно 750 милиони евра“, изјави Муртезани.

Тој истакна дека ова е прва и идеална можност за започнување на конкретни развојни проекти, кои ќе донесат директни придобивки за граѓаните на Северна Македонија. Муртезани ја нагласи посветеноста на коалицијата ВЛЕН во заштитата на интересите на Албанците и европската иднина на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни