Македонија

Муцунски му посака добредојде на новиот амбасадор на ЕУ, Микалис Рокас

Муцунски му посака добредојде на новиот амбасадор на ЕУ, Микалис Рокас

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска му посака добредојде на новиот амбасадор на ЕУ, Микалис Рокас.

„Утрово ги примив копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија, г. Микалис Рокас.

Му посакав срдечно добредојде и истакнав дека неговата дипломатска мисија започнува во клучен момент за нашата европска иднина. Верувам дека со заедничка посветеност ќе постигнеме значаен напредок кон нашата стратешка определба – членство во ЕУ.

На средбата го изразив и задоволството од континуираната поддршка на Европската унија во реформските процеси и стабилноста на земјата, и ја нагласив подготвеноста за понатамошно зајакнување на нашето партнерство, засновано на заеднички вредности и интереси“, вели Муцунски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни