Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска се сретна со американската амбасадорка Анџела Агелер.
Како што објави Муцунски, тема на средбата биле Генерално собрание на ОН, нашата интеграција во ЕУ, економскиот развој и напорите за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„Изразив благодарност за поддршката на САД во нашите реформи и демократскиот напредок. Потврдивме дека нашето силно партнерство со НАТО останува клучно во одбраната на заедничките демократски вредности во услови на актуелни безбедносни предизвици“, додава Муцунски.