Македонија

Муцунски за договорот од Преспа: Секоја грешка може да се поправи – „Го лажете народот дека може да се врати старото име“, му врати Богојески

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица Тимчо Муцунски во изборната дебата на ТВ21 посочи дека секоја грешка може да се поправи, мислејќи на Преспанскиот договор.

„Господине Богојески го ценам правото на вашиот став во врска со договорите, но јас тоа што го знам од меѓународното договорно право е дека сите грешки можат да се исправат посебно кога имаме непочитување на основните норми на меѓународното право. Мојата битка за Македонија не престанува“, истакна Муцунски.

На ова, носителот во првата изборна единица од Македонски концепт, Петар Богојески му реплицираше дека го лажат народот дека може да се врати старото име.

„Не може да бидете, во исто време борец за македонската кауза и за македонските национални интереси кој несомнено поминуваа низ патот кон длабока европеизација на земјата, а во исто време да имате политичко поведение на обично политиканство и да се движите по народот и да го лажете дека може да се врати името, да се врати знамето, и да се ќаруваат поени на наивните добродушни и чесни патриоти во оваа земја, а во исто време да зборувате на дебати за Европска Унија“, порача Богојески.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни