Македонија

МВР: Издадени наредби за претрес на повеќе локации, обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на анализа

По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ, велат од МВР за претресите попладнево во Струмица, Штип и Гостивар.

„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи. При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази  за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка.“, велат од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни