„Н: Посоченото лице се уште работи кај Вас во обезбедувањето?-Кое посочено лице?Н: Тоа што било пријавено на аеродромот.-Имате Вие сознанија?Н: Од МВР велат дека имаат пријавено такво лице.-Е па кое е тоа лице?Н: Јас не го кажав со име, не знам. Само прашувам.-Е па кога не знаете, зошто прашувате дека имало одредено лице? Значи, немало…“
Сепак такво лице имало и според МВР станува збор за началникот на обезбедувањето на спикерот Гаши.
„Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.“, стои во соопштението на МВР.
Дополнително, обезбедувањето на Гаши влегло во простории каде воопшто нема дозвола за движење.
„…на присутните вработени на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.“, велат од МВР.
Лицето сега е суспендирано и заработи кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Пријавата сега е во Обвинителството на Ислам Абази. Претходно Гаши, наспроти соопштеното од МВР, негираше дека лице од неговото обезбедување правело инциденти на аеродромот.