МВР не го пронајде Спасов – Распишана потерница по убиецот на Мартин Нешковски

По неколкудневна безуспешна потрага, МВР распиша национална потерница по Игор Спасов откако тој пред десет дена не се вратил во затворот. Спасов бил пуштен за лекување, но откако не се појавил полицијата почна да трага по него на неколку локации. Инаку Спасов и претходно го напуштал затворот за лекување, но се враќал во затворот. Министерот Оливер Спасовски вели дека казнено-поправните домови одлучуваат кога затвореници може да бидат привремено пуштени.

„Сосема е јасно кој потфрлил. При издржувањето на казна затвор Министерството за внатрешни работи нема никаква надлежност . Тоа е под Министерството за правда, Казнено-поправните установи ги носат одлуките но врз основа на нивните прописи, закони и така натаму и на крајот на краиштата нивните проценки треба да бидат тие кои што ќе се базираат на соодветни сознанија за тоа дали и во кои услови тоа лице треба да биде пуштено да се лекува и така натаму“, рече Спасовски.

Спасов е осуден на 14-годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски. Казната ја издржува од 2011 година, а од минатата година почна да се жали на здравствени проблеми по што беше пуштен на лекување, а во затворот требаше да се врати на 18 октомври. Доколку полицијата не го пронајде Спасов во земјава, тогаш по него ќе биде распишана и меѓународна потерница.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното