Министерството за внатрешни работи денеска официјално на својата веб страница објави меѓународна потерница по Исмет Гури, поранешен заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ.

Полицијата пристигнала на неговата адреса, каде е пријавен за спроведување на мерката куќен притвор, но не го пронашле по што го известиле и судот.
Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.