Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 откри детали за истрагата со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.
„Во моментот е договорот во четири очи затоа што според законот за јавни набавки, секоја јавна набавка над 400 илјади евра во денарска противвредност мора да биде и меѓународно објавена. Задолжително е да има јавна набавка, но над овој износ мора да има и меѓународен оглас за јавна набавка“, вели Русковска.
Таа вели дека Министерството за внатрешни работи први алармирале за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.
„После добивањето на известувањето, се даде наредба до Секторот за организиран криминал, односно одделот за економски криминал и почна да се врши проверка“, вели Русковска.