МВР: Пукано кон 20 годишник попладнево во Скопје, ова е причината – три лица во Болница

Денеска околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, јавува МВР за 4news.mk.

„Непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk

Според неофицијални информации на 4news.mk, инцидентот настанал поради чекање ред за питарки пред ифтар.

4NEWS дознава: Се пукале пред Ифтар во Скопје оти пред пекарата не се почитувал редот