Македонија

МВР со детали за експлозивната направа фрлена во пекара на Владо Мисајловски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

На 21.06.2020 во 03.40 часот било пријавено дека на ул.“Ѓорче Петров“  излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација.

По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа.

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку. Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!

Gepostet von Vlado Misajlovski am Sonntag, 21. Juni 2020

Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни