Македонија

МВР со детали за пронаоѓањето на повредениот бизнисмен Чедо Радомировиќ

МВР со детали за пронаоѓањето на повредениот бизнисмен Чедо Радомировиќ

На 15.07.2024 во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од Скопје.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и на местото бил пронајден пиштол „Црвена застава“ и чаура.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни