Македонија

МВР со детали за сообраќајката на патот Берово – Струмица: Три лица повредени и пренесени во болница

МВР со детали за сообраќајката на патот Берово – Струмица: Три лица повредени и пренесени во болница

На 20.06.2024 во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, атар на с.Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) с.Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од с.Ратево, беровско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од с.Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни