Македонија

МВР со детали за тешката несреќа на магистралниот пат Охрид–Кичево

МВР со детали за тешката несреќа на магистралниот пат Охрид–Кичево

На 09.07.2025 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко  возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње.

На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР  Охрид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни