Македонија

МВР со детали за вчерашниот инцидент на Деве Баир: Приведени тројца Бугари

МВР со детали за вчерашниот инцидент на Деве Баир: Приведени тројца Бугари

На 04.02.20223 околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.А.З (35), А.А.Х(50) и  Р.П.Х(54), бугарски државјани, кои најпрво вербално, дрско и недолично со погрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници кои преземале службени дејства.

Лицата биле приведени, а од судија во Основен суд Крива Паланка  им била изречена мерка Протерување на странец и Забрана за влез во Република Северна Македонија во траење од три години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни